ММС

Објавено на: 10/2/21 4:49 PM

Нови 468 случаи на корона во Македонија, 11 лица починаа, 284 оздравеа

Во последните 24 часа  направени се 4.295 тестирања, а регистрирани се 468 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се 11 починати лица, а оздравени се 284 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од новите 468 случаи на КОВИД-19 најмногу има во Скопје – 227. Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11, Битола – 8, Гевгелија, Свети Николе, и Радовиш – по 7, Тетово, Виница и Пробиштип – по 5, Струга – 4, Неготино, Ресен, и Валандово – по 3, Кичево, Кратово и Богданци – по 2, Гостивар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 .

Регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Куманово – 28,  Кавадарци – 14, Велес – 13, Битола  – 10, Шип – 9, Струмица, Кичево и Гостивар – по 7, Прилеп и Кочани – по 6,Свети Николе и Валандово – по5, Гевгелија, Виница и Кратово – по 3, Делчево и Неготино – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица: две починати лица од Скопје (61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г),  и Струмица (69г).​ Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин”, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Направени се 4.295 тестови преку: ИЈЗ-282, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–315,Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-220, Биотек-332, Систина-85, лабораторија Лаор-235, Синлаб-23, Ремедика-23, Плодност–42, Генеа-12, Никоб лаб-550,ВФВ Медикал-100, Ели Медика-43, Ројал Медика –20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.656.

Досега во земјата се направени вкупно 1.297.190 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.288, бројката на оздравени пациенти е 173.332, на починати е 6.694, а бројот на активни случаи изнесува 12.262.

Со новите регистрирани 468 лабораториски позитивни случаи на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 192.288.

Фото: JC Gellidon / Unsplash


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1