ММС

Објавено на: 10/2/21 4:12 PM

Здравата храна го подобрува и менталното здравје кај децата

Здравата исхрана е клучна за развојот, растот и хормонскиот статус на организмот. Зголемениот внес на овошје и зеленчук е поврзан со здравјето на децата – покажува нова студија спроведена во Велика Британија.

„Врската помеѓу исхраната и менталното здравје кај децата и кај возрасните не е во целост разјаснета, додека односот меѓу исхраната и физичкото здравје е прилично јасно разбрана“, истакнуваат авторите на студиите.

Научниците во текот на студијата анализирале 7570 средношколци и 1254 мали деца кои одат во основно училиште. Резултатите покажале голема поврзаност меѓу исхраната и менталното здравје кај поголемите деца, додека врската кај помалите не дала јасни резултати, веројатно поради малиот примерок. Се покажало дека пет или повеќе порции овошје односно зеленчук значително повеќе влијаат на менталното здравје во однос на 3-4 или 1-2 порции.

Децата кои имале пет или повеќе здрави оброци имале подобри резултати во однос на менталното здравје односно оценка од 3,73 единици. Освен тоа, се покажало дека децата кои не појасуваат и оние кои пијат енергетски пијалоци имаат оценка од 2,73 и 3,14 единици. Децата кои носеле ручек од дома исто така имале подобри резултати.

„Здравата исхрана е клучна за развојот, растот и хормонскиот статус на организмот, со директен ефект на биолошките процеси, но и на имунитетот и на работата на мозокот“, истакнуваат авторите на студијата.

Тие додаваат дека нездравата храна ја отежнува и борбата со депресијата. Резултатите покажуваат дека недоволниот внес на магнезиум и цинк е поврзан со депресијата, додека недволното количество н-3 масни киселини се поврзува со анксиозноста.

 

Фото: Илустрација  / Unsplash

Извор:   rtv.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1