ММС

Објавено на: 10/2/21 12:28 PM

Малолетничка тешко повредена откако скопјанец ја удрил со автомобил

Малолетничка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера на улицата „Владимир Полежановски” во Скопје патничко моторно возило „хундаи” со скопски регистарски ознаки удрило во неа.

МВР денеска инфрмираше дека со патничкото моторно возило управувал Д.М.(37) од Скопје, а малолетничката била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

 

Фото:  Архива / ММС


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1