ММС

Објавено на: 10/2/21 12:15 PM

(ВИДЕО) Предизборен „Стадион“: Неподнослива леснотија на ветувања или реални проекти

Претставувањето на  дел од кандидатите за градоначалници на општините низ Македонија, беа дел од емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, каде ги претставија нивните програми, зборуваа за одредени проблеми кои ги имаат општините, но и решенијата кои ги нудат за истите доколку го осовојат мандатот за градоначалник.

Петар  Георгиевски – Камиказа независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, поддржан од Левица во своето излагање истакна дека  во неговата програма стои идејата за голем саем, поголеми можности за вело патеки бидејќи вели тоа е една од можностите за намалување на загадувањето на градот, Ботаничка градина во Расадник. На прашање за билбордите, Георгиевски вели дека Левица со кој е во коалиција, односно како независен кандидат кој е поддржан од нив вели за неговата кандидатура има 430 евра, и тоа се 3 билборди. Смета дека финансиските средства за политичка кампања се некоординирано и неправилно распределени, покарј тоа вели тие имаат еден слоган што го употребуваат „Со пет пари ќе ве победиме“, рече Георгиевски за „Стадион“.

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО ДПМНЕ во емисијата „Стадион“ истакна дека во програмата за општината Ѓорче Петров опфатени се околу 218 проекти, три како приоритетни „Ѓорче Петров без кал“ кој го опфаќа руралниот дел од општината, подигнување на нови зелени површини во секое маало во општината, социјална заштита на најмала категорија на граѓани.

Стевче Јакимовски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ГРОМ. Тој во своето обраќање и претставување на програмата истакна дека секој млад човек кој што ќе наполни 18 години општина Карпош ќе му ги покрие трошоците за обука и полагање на возачка дозвола, секој млад човек кој што ќе сака да направи куќа ќе добие државно земјиште  на мали парцели и ќе биде ослободено од комуналии, вети нови термички фасади на зградите во Карпош.

Душко Вескоски, кандидат за градоначалник на општина Карпош, СДСМ, истакна дека во нивната програма има многу реални и концизни проекти, тој вети дека во рок од една година ќе го врати долгот кој го има општината во вредност од 4 милиони евра. Детални урбанистички планови во неразвиените подрачја е еден од приоритетите, а помеѓу главните точки е отворањето на салата „Партизан“ со што Карпош ќе добие спортско рекреативен центар со базен, во интерес на граѓаните на оваа опшина. Изградба на катна гаража во Лептокарија и зелен кат на гаражата, изградба на две нови детски игралишта, две нови градинки, изградба на голем зелен парк во Карпош 4, со 6000 квадратни метри.

Александар Тортевски, кадидат за градоначалник на Град СКопје, од Твоја Партија. За четири години граѓаните веќе ќе се возат во автобуско метро, од 6 линии на соларно метро кој што сега има нова генерација на автобуси што сами произведуваат на покривот струја, дел ќе се полнат на градските паркинзи кои што сите ќе бидат претворени во соларни централи. Сите пешачки премини ќе бидат претворени во лежечки полицајци, тоа конкретно го има Дубаи и ова го ограничува движењето на возилата на околу 40km на час, паметни семафори и кружни текови. Јас сум сигурен дека еден кружен ток можам да го реализирам за 5 дена. Никој нема да се обидува да стигне на жолто, сите сообраќјни незгоди се случуваат кога возачот го брка да помине на жолто ја зголемува брзината и влегува во раскрсницата.

Констатнтин Георгиевски, кандидат за градоначалник на општина Охрид, СДСМ. Продолжување на борбата за Охрид, многу прокети, исполнување на нашата главна цел 365 дена можности за сите, плажи по мерка на граѓаните во склоп со природата, зелена оаза, Охрид на еден клик, урбана култура, децата се нашата идина, тоа се нашите носечки проекти.

Ненад Коциќ, кандидат за градоначалник на Велес, СДСМ. Подобра инфраструктура, безбедни улици, улици без кал, пристап до домовите, приоритет е отчетноста, ветувам одговорна работа, директен контакт со граѓаните, одговорна јавна администрација, одговор во рок од 24 часа на сите барања на граѓаните, инвестирањето во спортот, реконструкција на спортската сала, градскиот стадион и парк, зголемување на вработеноста на младите и сите невработени, привлекување на странски инвестиции и домашни на територија на општина Велес, инвестиции во екологијата, заштитата на животната средина, намалување на количината на отпад на улиците, подобрување на квалитетот на воздухот, решавање на проблемот со доводна и одводна канализација.

Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на Куманово, ВМРО. Во Куманово не е ништо чепнато 30 години една иста програма се промовира која никако да се реализира, се печати, препечатува и повторно се нуди на граѓаните, но никако да дојде до своја реализација. Имате еден метален чир пред Домот на културата, кој не е ниту катна гаража, туку приземна гаража, монажно чирче кое го грди градот. Водоводната мрежа е стара, нема градинки кои се ветуваат исто така 16 години никако да се изградат, школите се распаѓаат, немаме слободни тротоари, немаме паркови. Куманово треба да се претвори во едно огромно градилиште, нема кружни токови доволно, урбан хаос владее затоа што нема ГУП веќе 20 години, што и да изберете во Куманово ви доаѓа како капитален и примарен проект. Она што би сакал е нов театар, нова театарска зграда и за македонската и за албанската драма, два театри. Нема модерни фестивали кои на младите ќе им понудат една поинкава опција, Куманово е жедно за еден џез фестивал, техно, гитаријада, сакам рок ен ролот да го вратам во Куманово.

Максим Димитриевски, независен кандидат за градоначалник за Куманово. Програмите се едно, граѓаните пред изборите ќе слушнат различни ветувања, мора да одиме со реално остварливи ветувања, меѓу кои што е во нашата програма, веќе воведовме бесплатен превоз на пензионерите од категоријата на најниските пензии, дополнително во иднина со нов превозник во градот ќе го организираме превозот уште подобро. Превозот за сите студенти и пензионери ќе биде бесплатен, Куманово ќе има уреден градски превоз. Нашиот акцент ќе биде на нови зелени површини, дополнителна изградба на два нов зелени паркови, реконстукција на постоечкиот во современ, урбан и модерен парк, нови урбани скверови, изградба на нови 5 кружни токови по примерот на тој на влезот на градот што го изградивме. Ослободување на тротоарите, чистење на дивите депонии и изградба и реглирање на речните корита по должина на цела река Липковкс и Кумановка.

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник  на општина Карпош, Левица. Сите услуги кои што граѓанинот треба да ги добие во општината или општината да му ги пружи, нема воопшто да се појави на шалтер туку ќе ги добие дигитално. Секој документ дали е тоа од имотен лист или било какво барање кое што треба да го поднесе или земе од општината, граѓанинот тоа може да го направи од дома. Непланското градење, масовната пренаселеност во општината доведе да имаме  хаос во сообраќајот, хаос во движењето, комуналната грижа и услуги се на многу ниско ниво. Секоја слободна педа дали е парк или јавна површина со менување на ДУП-ови се пренаменуваат во маркици за стамбени објекти. Не сме против градење на Карпош туку против ова масовно градење, едноставно не е одржливо.

https://www.youtube.com/watch?v=R_CAeHJFDoo

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1