ММС

Објавено на: 10/2/21 11:27 AM

До вторник ќе биде сончево, од среда повторно ќе залади, не’ очекува и дожд

До вторник времето ќе биде претежно сончево со студени утра и пораст на дневната температура, а од среда следува период на претежно облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд, соопштија од УХМР.

Утре утринските температури ќе се движат од нула до девет степени, а дневните од 17 до 25. Во Скопје ќе биде од пет до 24 степени.

Во понеделник температурата ќе се искачи до 27-от степен, додека во текот на неделата ќе се намалува и во петок ќе изнесува максимум 19 степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1