ММС

Објавено на: 10/2/21 10:59 AM

Македонскиот братски судиски тандем Митровски испиша историја во ФИБА купот

Македонските судии Зоран и Игор Митровски ќе останат запишани во историјата на европските кошаркарски натпреварувања како први браќа, кои ја делеле правдата на еден официјален натпревар на ФИБА.

Овој историски момент се случи синоќа, во Софија во финалната средба од квалификацискиот турнир од групата „Б”, за пласман во групната фаза од ФИБА Еврокупот меѓу Ираклис-Трефл-Сопот.

Во неизвесен натпревар, Ираклис триумфираше со минимални 74-72 и обезбеди пласман во групната фаза од ФИБА Еврокупот.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1