ММС

Објавено на: 10/1/21 9:45 PM

Се ожени потомок на Романови,  после 120 години одржана кралска венчавка во Русија

Големиот војвода Георгиј Михајлович Романов (40) се ожени со италијанската свршеница Ребека Вирџиниа Бетарини (39) во катедралата „Свети Исак“ во Санкт Петербург, а на венчавката присуствуваа и голем број членови од европските кралски семејства.

Поради својот сопруг, Ребека Бетарини ја прифати православната вера и го зема името Викторија Романовна.

Меѓу благородниците кои присуствуваа на кралската венчавка беа шпанската кралица Софија, принцот Рудолф и принцезата Тилсим од Лихтенштајн и уште 18 династии од целиот свет. Причина зошто венчавката се одржа токму во Санкт Петербург е тоа што тој бил првиот град во Русија во кој членовите на семејството Романов се вратиле на почетокот на 90-те.

Георгиј Михајлович е син на принцезата Марија Владимировна која е на чело на Царската куќа Романов и нејзиниот сопруг, големиот војвода Михаил Павлович. Викторија доаѓа од италијанско благородно семејство.

Георгиј Михајлович е роден во Шпанија и Русија за првпат ја посетил во 1992 година, а сега живее во Москва.

Неговиот прадедо, големиот војвода Кирил Владимирович, кој бил прв братучед на царот Никола Втори, успеал да побегне од болшевичкото насилство во текот на револуцијата во 1917 година во Финска. Потоа неговото семејство се преселило во западна Европа.

Последниот руски цар Никола Втори, неговата сопруга и петте деца се убиени од револуционерниот стрелачки вод во мај 1918 година во подрумот на трговска куќа во Јекатерингбург, град 1450 километри од Москва.

Извор: 24sata.hr

фото: bbc.co.uk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1