ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/1/21 9:17 PM

Финска е првата земја во ЕУ која ќе ги вакцинира животните против ковид-19

Финска ќе биде првата земја во Европската унија која ќе ги вакцинира домашните крзнени животни против коронавирусот.

Финското здружение на одгледувачи (ФИФУР) во следните недели ќе ги вакцинира видрите против коронавирусот за што доби условна дозвола од Финската управа за храна.

– Финската индустрија за крзна ќе биде првиот оператор во ЕУ кој ќе ги вакцинира животните против ковид – рече извршната директорка на ФИФУР, Марја Тиура.

Вакцината „ФуркоВак“ ја разви истражувачки тим на универзитетот во Хелсинки и ја тестираше на фарма за крзнени животни во местото Канус. Таа е експериментална вакцина и доби условна лиценца, но не и комерцијална.

За разлика од своите скандинавски соседи, Финска не забележа случаи со зараза со коронавирус кај видрите на своите фарми. Наспроти тоа, некои земји во ЕУ како Данска, Холандија и Шпанија уништила милион животни за да го спречат ширењето на инфекцијата на луѓето.

Лани Русија стана прва земја во светот која регистрираше вакцина против коронавирусот кај крзнените животни, мачките и кучињата.

 

Извор: B92.net

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1