ММС

Објавено на: 10/1/21 8:45 PM

Родители во Пула уапсени поради смртта на нивното дете кое три месеци било болно, но не го однеле на лекар

Родители, наводно припадници на верска секта, се уапсени во Пула, Хрватска, поради смртта на својот 15-годишен син кој три месеци бил болен, но не го однеле на лекар.

Граѓаните во Пула се шокирани од веста за смртта на тинејџерот кој почина поради родителска негрижа. Еден од нивните соседи за 24сата изјави дека по смртта на детето семејството било необично мирно и слушнал дека додека лекарите од Итната помош грчевито се бореле да го реанимираат детето, двајцата родители тивко се молеле затоа што припаѓале на верска секта.

– И по страшната трагедија родителите останаа мирни. Но, да не го однесеш детето кое пати и нешто го боли, е еднакво на злосторство.  Додека тие се молеле никој од нив не се обидел да им помогне на лекарите од Итната помош. Па јас би умрел на лице место само да гледам, а да не реагирам. Па тоа е нивно дете – рекол соседот.

Неофицијално, пред неколку години на ова семејство му починало уште едно дете, но тој случај не бил кривично дело. Медиумите пишуваат дека момчето имало висок шеќер, но и воспаление на градите, но се ќе биде познато по обдукцијата која ја наредил јавниот обвинител.

На кобниот ден, Итната помош ја повикала мајката. Лекарите почнале да го реанимираат уште во возилото затоа што го нашле без пулс и потоа уште 40 минути во болницата. За кратко детето добило срцева реакција, но во следните неколку минути починало.

Родителите се товарат за груба повреда на правата на детето со занемарување и негрижа за неговата здравствена состојба.

 

Извор: 24sata.hr

Фото: 24sata.hr

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1