ММС

Објавено на: 10/1/21 8:08 PM

На 31 октомври почнува зимското сметање на времето, ништо од укинувањето на поместувањето на стрелките

Иако Европската комисија уште пред три години предложи да се укине сезонското поместување на часовникот, членките на ЕУ се уште не се договориле за тоа.

– Во недела на 31 октомври ќе го поместиме часовникот за еден час назад – изјави портпаролот Стефан де Керсмакер одговарајќи на прашањето на новинар што се случило со предлогот да се укине поместувањето на времето секоја последна недела во октомври и во март.

Поместувањето требаше да престане во 2019 година и предлогот се однесуваше за цела ЕУ со тоа што членките требаше сами да одлучат дали ќе го задржат зимското или летното сметање на времето.

Одлуката за тоа дали некоја земја членка ќе го земе како трајно летното или зимското време зависи од нејзината местоположба и затоа е тешко да се очекува одговор за предлогот на ЕК кој се чини избледен иако никој не сака тоа да го признае.

Во ЕУ постојат три временски зони и најголема е средноевропската, од Полска на истокот до Шпанија на западот.

Ако сите земји од таа временска зона на пример го земат летното сметање, во Шпанија, Белгија, Холандија и Данска во зима сонцето би излегувало околу 9 часот, а на северозападот од Шпанија околу 10 часот.

Во случај да го земат зимското како трајно време, сонцето во Полска би изгревало во три часот наутро, во Варшава во 3,15 часот, а во Берлин во 3,44 часот.

Затоа сезонското поместување на времето покрај сите недостатоци е сепак најдобриот компромис.

 

Извор: Index.hr

Фото:dreamstime.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1