ММС

Објавено на: 10/1/21 5:22 PM

Германија со најсилниот состав пристигнува во Скопје

Два дена откако селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги 26 фудбалери кои ќе им се спротивстават на Лихтенштајн и на Германија во квалификацискиот прозорец за СП 2022, неговиот колега Ханси Флик како нов предводник на „панцирите“ го објави списокот на играчи со кои ќе пристигне во Скопје.

Бившиот тренер на Баерн Минхен кој ја освои Лигата на шампионите пред две години, повика 23 фудбалери за двете пресметки. Госенс и Гундоган нема да му стојат на располагање поради здравствени проблеми, Хумелс побарал од Флик да се врати во посакувана форма пред да добие нов повик од репрезентацијата, додека ќе отсуствува и Дахуд поради повреда.

Три дена порано, Македонија игра против Лихтенштајн на гостински терен, додека Германија ја пречекува Романија.

Мечот во Скопје буди голем интерес во јавноста затоа што Македонија на првиот дуел во Дуисбург славеше против Германија со 2-1 со головите на Пандев и Елмас.

фото: theathletic.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1