ММС

Објавено на: 10/1/21 11:18 AM

Јутјуб ги отстранува сите дезинформации за коронавирусот, вакцините и лажните вести

Компанијата Јутјуб објави дека ќе ја отстрани содржината што шири дезинформации за сите одобрени вакцини.

На тој начин, компанијата ја прошири својата претходна одредба за забрана за давање лажни тврдења за вакцини.

Најновата одлука се однесува на видеа во кои се наведува дека одобрените вакцини се опасни и предизвикуваат аутизам, рак или стерилитет.

Одлуката, исто така, вклучува и укинување на сите профили на инфлуенсери кои се противат на вакцините.

Технолошкиот гигант се најде на удар на критики бидејќи не се борел со лажните вести и дезинформациите за здравствени проблеми.

Џо Бајден, претседателот на САД, во јули рече дека социјалните мрежи се главно одговорни за скептицизмот на луѓето во врска со вакцинацијата поради ширењето на дезинформации и ги повика да бидат поактивни во решавањето на тој проблем.

Од Јутјуб, кој е во сопственост на Гугл, наведува дека 130.000 видеа се отстранети од нивната платформа од минатата година, кога беше воведена забрана за ширење на лажни вести за вакцини.

Во објава на нивниот блог од компанијата, тие рекоа дека виделе како лажните тврдења за вакцините против Ковид се пренесуваат во дезинформации за вакцините воопшто.

Новата политика вклучува вакцини кои се одобрени долго време, како и оние против сипаници и хепатитис Б.

„Ја прошируваме нашата политика за здравствена дезинформација на Јутјуб со нови упатства за вакцини што во моментов се применуваат и кои локалните здравствени власти и Светската здравствена организација (СЗО) ги потврдија како безбедни и ефикасни“, се вели во соопштението.

Лични сведоштва поврзани со вакцини, содржини за политиките за имунизација, нови тестови и историски видеа за успехот и неуспехот на вакцините ќе останат на страницата, додаваат од компанијата.

Овој потег следи по сличната забрана што Фејсбук ја воведе во февруари, насочувајќи се, меѓу другото, со лажните тврдења дека вакцините не се ефикасни и предизвикуваат аутизам.

Но, компанијата оттогаш се соочи со голем број предизвици во спроведувањето на одлуката.

Твитер во март објави дека на корисниците кои постојано споделуваат неточни информации за вакцините ќе им биде забранет пристапот до платформата.

Извор: ББС.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1