ММС

Објавено на: 10/1/21 11:07 AM

Ако сакаме швајцарски плати треба многу повеќе да работиме, рече премиерот Заев

Предлогот  администрацијата во петок да работи само четири часа наиде на негативни коментари на граѓаните, кои сметаат дека ова е премногу на и вака неажурната администрација. Оттука Заев беше прашан кои се неговите размислувања и која е потребата да се носи ваква мерка, која пред избори повеќе звучи како популистичка.

-Треба повеќе да работиме, не помалку. Но, како предизборно ветување на политичките партиципиенти во власта  тоа е ставено на НР и за ова прашање допрва се отвараат дискусија. Јас верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државава, а реалноста е тоа што ако сакаме швајцарски палти треба да работиме многу повеќе од таа продуктивност што денес ја имаме. Сите. Еве почнувајки од себе, па до сите  работници, вработени во приватниот и јавниот сектор. Вториот дел ефикасноста на јавната администрација е нешто што е серизен фокус. Видовме дека целиот систем функционира и со 38 проценти кои доаѓаа на работа за време на пандемијата. И така функционираше системот. Тоа само по себе кажува дека веќе постојаните капацитети на администрацоијата мора да бидат максимално искористени, тоа го очекуваат граѓаните.  Но, кога имате нешто отворено на НР систем несоодветно е  премиерот да каже кои се очекувањата на граѓаните, туку граѓаните да си ги кажат своите очекувања.  Владата внимателно слуша и сите заедно ќе ги следиме тие очекувања.  Мојот впечатко е граганите очекуваат администрацијата што ја плаќаат да работи поефикасно, а не поималку ефикасно. Тоа се моите очекувања. Но, секако кога доагаат барањата од граѓаните впишани во одредени програми и мерки должност е да ги претставиме пред народот и тој да се изјасни, рече тпој и додаде?

-Во 2016 година администрацијата беше 165.000 а сега е 132.000. Фала Богу конечно ги собравме податоците, затоа што на одредени институции им беше запретено дека ке им доцни палата ако не ги дадат податоците и ги дадоа.  Во овој податок најголем број се во  јавните државни или комунални општински претпријатија,без полицијата во униформа, без здравствените работници, без армијата некаде околку 15.000  луге работат во министерствата. Но, работат многу во енергетските компании, во железничките, во патишта, водовот… Треба да направиме дополнителна рационализација на администрацијата. Еден од начините е Законот за фиксно пензионирање, кој стапува на сила од први јули 2022 година и има за цел да намали нешто повеќе од 10 проценти од администрацијата,  ќе се пополни со учителки, наставнички, а во јавната администрација луѓе ќе заминат во пензија без да им се пополнуваат местата. Предлогот за четири часа работа во петок лошо ќе се одрази во приватниот сектор,  но јас сум само еден од партиципиентите. Првиот филинг е на народот. Податоците ни кажуваат дека сме меѓу 42   и 47 проценти во продуктивноста во споредба со продуктивноста со ЕУ, што значи дека дупло повеќе треба да работиме сите. Треба секој да работи со полн капацитет. На крајот на денот граѓаните преку даноците не плаќаат.  Кога ги собирате идеите за пред избори имате граѓани кои даваат идеи од една во друга крајност.  Најдобриот систем за одлучување е реакцијата на граѓаните и медиумите. Сите оние идеи кои дошле од неговото височество граѓанинот, почитуваниот граѓанин сме должни да ги претставиме. Но, тоа не значи дека сите идеи се прифатливи. Имаме често и процеси кои сме ги почнале, па по реакција на граѓаните сме ги прекинале.  Лично мислам дека граѓаните се тие кои конечно кажуваат што е најдобро за нив, рече тој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1