ММС

Објавено на: 10/1/21 10:40 AM

(ВИДЕО) Потврдуваме дека има жртви – Пожар во романска ковид болница

Најмалку девет лица загинаа во пожар што избувна утрово во болница во романскиот град Констанца.

Во тек е евакуација на пациенти и персонал од болницата за заразни болести.

„Потврдуваме дека има мртви“, соопшти Министерството за здравство. Тој додаде дека 113 пациенти биле сместени во болницата, од кои десет се на интензивна нега.

Пожарот во меѓувреме беше изгаснат, а Ројтерс наведува дека во таа болница се лекувале пациенти со ковид, како и дека досега 50 пациенти се евакуирани и префрлени во други болници.

Според Инспекторатот за вонредни ситуации, пожарот избувнал на првиот кат од зградата, а се уште не е познато дали избувнал во одделението или во лекарска ординација, пренесува digi24.ro.

Работите дополнително беа комплицирани со фактот дека имаше пациенти кои беа неподвижни.

Болницата е стара помеѓу 60 и 70 години, а пожарникарите итно интервенирале бидејќи во одделенијата има шишиња со кислород. Се додава дека некои пациенти биле евакуирани преку прозорците.

Извор: Б92.нет


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1