ММС

Објавено на: 10/1/21 10:20 AM

Штипјанец уапсен во Скопје – се барал за издржување затворска казна

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 16:00 часот, во близина на скопскиот Градски стадион го лишија од слобода Р. Д. (41) од Штип, баран врз основа на судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор од две години, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР.

Лицето е предадено на полициски службеници за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1