ММС

Објавено на: 10/1/21 9:38 AM

Со „Мој термин“ МНТ вечерва го отвора фестивалот „Војдан Чернодрински”

„Мој термин” е претставата со која Македонскиот народен театар годинава ќе го отвори 55. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински”.

Официјалната фестивалска програма, која со децении претставува селекција од најдобрите театарски продукции, ќе трае осум дена. Во натпреварувачкиот дел ќе учествуваат македонски театарски куќи вклучително и МНТ со претставата „Мој термин” што ќе се одигра вечерва на 1 октомври во Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп.

Пиесата е по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов. Со ова гостување, маестралната актерска игра на: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски станува сѐ по достапна и до фестивалската публика во регионот.

Фестивалот ги применува и ќе се придржува кон сите утврдени протоколи за заштита од КОВИД-19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1