ММС

Објавено на: 10/1/21 9:31 AM

Инфектолог: Вакцината е како сигурносен појас во автомобил

Вакцината и понатаму е најефикасно средства за заштита од коронавирусот, иако со новиот делта сој ефикасноста на сите вакцини падна – смета началникот на Инфективната клиника во Ниш, Стево Станишшиќ. Според него, вакцинацијата како заштита против коронавирусот е исто што и сигурносниот појас во автомобилот.

„Иако појасот нема да ве заштити сто проценти, неспоредливо покорисно е да го ставите“, вели тој за весникот Danas.

Станишиќ додава дека третата доза ќе го „освежи“ имунитетот и повторно ќе го зголеми нивото на заштита која во меѓувреме се намалила. Претседателот на Здружението на инфектолози на Србија, Томислав Преведен оцени дека не треба да се контролира нивото на антитела откако ќе се прими третата доза вакцина.

„Ниту еден тест нема да може да измери во која мера е една личност заштитена. Нивото на антитела е индикатор, но постојат и други елементи кои не се мерат, а кои говорат во прилог на заштитеноста“, додаде тој.

 

Извор:  rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1