ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/30/21 5:54 PM

Ме дрогираше и силуваше, немав сила да му избегам –  Исповед на светската шампионка во брзо лизгање, Елис Кристи 

Трикратната светска шампионка во брзо лизгање Елис Кристи откри дека била силувана кога имала 19 години. Таа во својата биографија истакна дека пред сексуалното злостување нешто и било истурено во пијалокот.

Пробрала да побегне, но не можела да направи ниту чекор, а да не се сопне и падне. Нејзината книга предизвика големо внимание поради тие морничави детали.

– Излегов, се дрогирав и некој непознат маж ме силуваше. На никој не му кажав за тоа една година. Таа вечер моето тело беше чудно, не функционираше како треба. Се обидов да одам, но едноставно не можев да бегам. Паѓав на секој нов чекор. Колку и да се трудев не можев да побегнам од него – откри таа.

Продолжила да оди кон куќата со силувачот со такси, а иако Елис се обидела да му ја објасни ситуацијата на таксистот, не успела.

– Кога и да паднев, тој трчаше по мене, ме влечеше и ме креваше, а на крајот ме смести во такси. Се сеќавам дека на таксистот му реков да не ме вози во неговата куќа, туку кај мене. Но, силувачот му рече на таксистот дека сум му девојка и дека сум пијана – објасни Елис Кристи.

Таа во својата книга открива дека не сакала да го пријави силувањето затоа што не била претепана и оставена да умре, но сега смета дека требало да биде похрабра.

– На крајот од патувањето ме однесе дома кај него. Видов дека ме силува и повторував „Не, не“. Се чувствував засрамено, но сега знам дека тоа било погрешно – истакна таа.

Сега трикратната светска шампионка тренира за Зимските олимписки игри 2022 каде што ќе го брка првиот олимписки медал.

 

Извор: Mondo.rs

 

Фото: DailyMail.co.uk

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7