ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/30/21 12:52 PM

Ќе утврдиме кој умрел од, а кој со корона – најави хрватскиот министер за здравство

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош најави дека во Хрватска ќе се прави ревизија во однос на смртните случаи за да се утврди кај колку случаи коронавирусот бил директна, а кај колку непосредна причина за смртта.

„Тоа е прашање кое се наметнува од почетокот на пандемијата, дали луѓето умреле од ковид или со ковид“, изјави министерот порачувајќи дека таа проблематика наскоро ќе се разгледува. Додаде и дека в понеделник со своите државни секретари ќе биде присутен во поголемите болнички центри и болниците на почетокот на користењето ковид-потврди во здравството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7