ММС

Објавено на: 10/5/21 8:30 AM

МВР се подновува со мебел вреден речиси 250.000 евра

Министерството за внатрешни работи се подновува со канцелариски мебел и опрема вредни речиси 250.000 евра. Тендерот го делат три компании кои треба на МВР да и испорачаат работни бироа, столици, фиокари, административни ормари, метални ормари, огненоотпорна метална каса-сеф како и  опрема за сите одмаралишта. Со мебел се опремуваат и одморалиштата на МВР во Охрид, Крани и Пониква. Министертството проценило дека за набваката ќе му требаат ококлу 480.000 евра, но склучило договори за половина о планираната сума.

Од МВР велат станувало збор за редовна обнова на есенцијален мебел. Но иако Владата поради корона-кризата забрани непродуктивни расходи, како тие за набавки на институциите на мебел, возила и слично, од МВР велат набавката не е забранета.

„Канцелариски мебел и опрема се набавува за сите организациони единици низ целата држава. Во набавката има, работни бироа, работни столици, фиокари, административни ормари, метални ормари, огненоотпорна метална каса-сеф опрема за сите одмаралишта. Последна набавка за ваков тип на стоки е спроведена во 2019 година. Постапката е редовна обнова на есенцијален мебел за функционирање на договорниот орган, а истата не е забранета од страна на Владата, која ја укина забраната за купување мебел во ковид услови.“- одговорија од МВР.

Договорите се склучени на 14 септември и се објавени на Бирото за јавни набваки. Најголемата набавка е од компанијата ТРИК ДОО од Скопје која треба на МВР да му испорача мебел и опрема вредни 201.000 евра. Фирмата МЕБЕЛ ГОДИМЕНТЕ од Прилеп има договор за 42.000 евра, а третата компанија Соната ком од Илинден за нешто помалку од 4.000 евра.

МВР последен пат мебел набавувало на почетокот на 2019 година. Тогаш исто за ваков мебел се склучени договори вредни над 150.000 евра. А истиот периоде набавен и мебел за сместување на вработени, односно кревети на спрат за 95.000 евра.

(А.С.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1