ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/29/21 9:20 PM

(Фото галерија) Вардар го совлада Алборг за втора победа во Лигата на шампиони

Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа втората победа сезонава во Лигата на шампиони, откако триумфираа вечерва во Скопје над данскиот првак „Алборг” со 30-28 (16-16) во рамки на третото коло од групата А.

Македонскиот шампион беше во негатива од четири голови разлика на средина од првиот дел (7-11), но, во продолжението го подигна квалитетот во играта и влезе во завршните пет минути од натпреварот со идентична предност (28-24).

Серијата на Алборг од 4-1 внесе неизвесност во самиот финиш, но Вардар одолеа до самиот крај за да му го нанесе првиот пораз на тимот од Данска во групната фаза.

Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Тимур Дибиров со девет голови.

По некомплетното трето коло, „Вардар” е лидер на табелата во групата А со пет бодови, пред следниот предизвик против француски „Монпеље”, на 13 октомври, исто така, во салата „Јане Сандански”.


МИА

Фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7