ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/28/21 10:00 PM

За златен бургер 100 фунти, за бифтек 630 фунти – Ќе ви треба кредит за вечера во ресторанот на турскиот готвач Салт Бае

Турскиот готвач кој на социјалните мрежи е познат под името Салт Бае отворил ресторан во Лондон, а луѓето се шокирале од цените!

Нусрет Гокче кој е познат под прекарот Салт Бае е турски месар и готвач кој стана популарен, верувале или не, само поради начинот на кој го засолува месото. Откако ќе го исече бифтекот, тој го посолува така што раката ја витка во лактот па солта паѓа низ неговата подлактица се до месото.

И тоа движење му донесе слава и милиони и во се повеќе градови Нусрет отвора свои ресторани. Во моментов ги има 17, а неодамна го отвори во Лондон каде што Британците не можеа да поверуваат колку е скап Салт Бае.

Еден маж на Твитер ја споделил сметката после вечерата во овој ресторан која изнесувала 1.812 фунти, односно повеќе од 120.000 денари, а 236 фунти или околу 150 евра на гостите им било наплатено само за бакшиш.

Сметката ја платиле осум гости на масата, а луѓето биле изненадени што кока-колата изесувала 10 евра, како и од фактот што четири енергетски пијалоци Ред Бул им биле наплатени 3.000 денари.

„Што по ѓаволите е златен бургер? 100 фунти, дали е тоа најдобриот бургер на светот? И 630 фунти за бифтек? Би одбила да платам и ќе си заминам, ова е лудост“, порача една твитерџика.

Извор: Mondo.rs

Фото: mylondon.news/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1