ММС

Објавено на: 09/27/21 7:16 AM

Натпросечно топло, од утре следува промена и заладување

Денеска времето ќе биде сончево и натпросечно топло, со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени додека дневните ќе достигнат до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде слично со температура до 31 степен.

Во вторник не очекува претежно облачно, претпладне со појава на краткотраен дожд, утринските температури ќе бидат повисоки, а дневните значително ќе опаднат. Врнежите ќе започнат како послаби во ноќта кон вторник и ќе биде врнежливо со поинтензивни врнежи во западните делови кои во вторник понекаде ќе бидат проследени со повремени грмежи и заилен ветер.

Минималните температури во вторник ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните до 25 степени. Во текот на следните денови температурата ќе опаѓа и ќе достигне до 21 степен.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1