ММС

Објавено на: 09/25/21 2:52 PM

(видео)Петар Колев: Мицкоски ако не е талибанец нека предложи македонските Бугари да влезат во Уставот

Петар Колев, лидерот на Граѓанската демократска унија (ГДУ), испрати писмо до Државниот завод за статистика во кое го прашува директорот Апостол Симовски дали секој може да си провери како е  запишан во пописните податоци и каква е процедурата ако се внесени поинакви податоци од тие што ги кажал граѓанинот. Потоа,  дали има постапка за одговорност на попишувачите кои од било какви побуди внеле неточни податоци и да се реагира со барање да се променат.
– Нашата цел е граѓаните да стекнат поголема доверба во државата и во пописот и да се нагласи системот на граѓанска контрола, без сомневање дека некој ги изманипулирал и променил нашите лични податоци, не само за етничката и верската припадност. Да се воспостави контролен механизам  со кој секој ќе може да провери во системот дали се точно пренесени неговите информации дадени на попишувачот, Со тоа на сите оние кои гледаат со скепса на пописот ќе им се затворат устите – рече Колев во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.
На прашањето за повторното актуелизирање на темата Бугарско Македонски односи пред изборите. Колев одговори дека во Бугарија веќе се чувствуваат поумерени тонови во изјавите на бугарските политичари, не се споменуваат историските прашања туку само Копенхашките критериуми и добрососедски односи.
– Политичката елита во Бугарија сега оди со наратив за сегашноста и иднината . Не знам зошто е проблем во Македонија да сватиме дека сите граѓани треба да бидат вклучени во Уставот, сите етнички задници и со тоа да им бидат гарантирани човековите права како општа светска вредност.
Очекувам многу скоро тие што се чувствуваат како Бугари да бидат внесени во Уставот исто како и Хрватите, Египјаните и другите кои тоа го сакаат од останатите етнички заедници. Ете Вмро Дпмне има шанса да докаже дека не се талибанци, туку европејци па да го иницираат овој предлог во парламентот. Истото го очекувам и од ДУИ кои со оружје се бореа за сопствените права на албанскиот народ. Македонските Бугари не се проблем, туку позитивен пример кој ќе помогне во преговорите и затоплувањето на оносите меѓу Бугарија и Македонија. Треба конечно да се осознае дека треба да престанат говоорот на омраза, лошите стрели и енергија што се испраќаат едни кон други и очекувам наместо декларации и флоскули да се превземат конкретни законски и институционални потези од власта, вели Петар Колев.
Инаку, Граѓанската демократска унија на локалните избори нема да учествува за да не биде, како што вели Колев боксерска вреќа на која со говор на омраза ќе боксираат разни политичари и ќе пумпаат мускули на непотребен и лажен патриотизам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1