ММС

Објавено на: 09/25/21 1:16 PM

Таткото кој си ги уби децата во Загреб оставил проштално писмо на Фејсбук

Во северниот дел на Загреб пронајдени се тела на три деца кои ги убил нивниот татко, австриски државјанин со место на живеење во Хрватска и кој на Фејсбук оставил проштално писмо.

Полицијата се сомнева дека четиригодишното дете и седумгодишните близнаци ги убил таткото кој потоа се обидел да се предозира со апчиња или отров.

Хрватските медиуми објавија дека се работи за Харалд К., Австриец  кој работел во угледи австриски лизинг куќи, а во Виена имал консултантска фирма и бил разведен.

На Фејсбук оставил проштално писмо во кое напишал „Збогум на сите, ќе одам затоа што повеќе не можам“, Харалд навел дека го оставила девојката затоа што неговата бивша сопруга била лоша кон неа и затоа што останал без пари.

Во писмото ги спомнува и своите пријатели и браќа од масонската ложа кои не сакале да му помогнат освен двајца најдобри пријатели и братот кои му помогнале колку што можеле.

Полицијата објави ека за време на злосторството мајката на убиените деца небила во Загреб, а децата викендот го поминале со таткото. Семејството претходно не било пријавено за семејно насилство.

 

Извор и фото: 24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1