ММС

Објавено на: 09/25/21 12:38 PM

Се што ќе се договори со Бугарија ќе се спроведе откако таа ќе ја крене рампата за ЕУ, најави премиерот Заев

Премиерот Зоран Заев го дели мислењето со вицепремиерот Никола Димитров дека е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство со Република Бугарија, но не сака да чека 27 години и да бега од решение на спорот со источниот сосед.

– Градењето пријателство треба да биде билатерално. Сите чекори кои ќе ги преземеме се условени со давање поддршка од Бугарија да ја крене рампата за почетокот на преговорите со ЕУ. Се што ќе се постигне како договор, се што ќе се земе како обврска, дали доаѓа поради договорот, ќе биде обострано или паралелнмо спроведувано откако ќе ја добиеме поддршката од Бугарија – рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Премиерот не мисли дека бришењето на „бугарски“ од изразот “бугарски фашистички окупатор“ кој стои на спомениците и во учебниците е преголема цена што Македонија треба да ја плати за евроинтеграциите.

– Постовоена Европа ги прифатила формулациите кои значат европски манири и давање шанса на соработката притоа не заборавајќи ја историјата. Никој не бара, ниту чепка што се случувало во тоа време во Македонија. Се зависи од нас, сите ние си го знаеме минатото, си ги знаеме и предавствата кои се случиле тогаш, но дали ќе стиснеме заби и ќе бидеме Европејци и ќе одиме со европскиот начин на соработка. Ние сме тие што одлучуваме што сакаме денес да имаме – додаде Заев.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1