ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/27/21 5:08 PM

Пари во рака за 15 минути – Промовирана првата SN VISA картичка

Комерцијална објава

 

Идеална за секој кој што сака на едноставен, флексибилен начин да стигне до брз кеш. Елегантна по изглед, вертикален дизајн и уникатен изглед. Ова е описот за првата SN VISA картичка, резултат на партнерската соработка помеѓу првата Финтек компанија во Македонија основана со домашен капитал – СН Финансиско друштво, СИЛК Роуд банка и VISA. Картичка се добива за само 15 минути и со тоа претставува најкраток рок на чекање за кеш  познат на овие простори.

SN VISA картичката беше промовирана во Битола од страна на генералниот директор на СН Финансии, Никола Јошевски кој потенцираше дека се рамо до рамо со светските Финтек компании.

„Ова денес е фазата каде што се финансиските ситеми во светот сега, но ова е и фазата каде што сме ние сега и не заостануваме ни чекор. Зашто оваа фаза се вика партнерство, во светот познато уште од 2017, а кај нас прво помеѓу банка и финансиско друштво. Можеби прескокнавме некоја фаза, можеби ни недостигаат и некои сегменти од Финтек индустријата, можеби ни недостигаат и некои закони кои ќе го забрзаат развојот, но во одреден сегмент токму во Финтек сферата сме на исто ниво како целиот свет и за тоа треба да сме горди! Да се вратам на зборот партнерство, тој звучи моќно, особено ако партнерите целат високо. Финансиското друштво СН финансии со Силк Роад Банка и Visa направија партнерство кое креира нова иднина во сферата на финансиите во нашата земја. Ние сме во еден брзорастечки глобален систем со конкуренција која е галопирачка. Но, конкуренцијата е здрава, нé мотивира, нé прави покреативни и поиновативни. Развојот на Финтек индустријата во светот и кај нас е неминовен, а ние сме лидери и сме горди на тоа“, истакна Никола Јошевски, генерален менаџер на Финансиското друштво СН Финасии на прес-конференцијата која што се одржа во Битола.

Тој се заблагодари сна тимот кој неуморно работеше со него повеќе од една година за да се стигне до оваа, како што ја нарече „убавица“, како и на своите партнери кои помогнаа оваа идеја да се реализира во вистина. Во текот на септември картичката беше тестирана на постоечките клиенти, а отсега секој може да аплицира во сите експозитури на СН Финансии.

„Имаме картичка која ја издаваме за 15 минути. Скоро никој не може да извади картичка за 15 минути. Не е персонализирана, може да влезете во било која експозитура на СН Финансии и за 15 минути да излезете со картичка. Моментално овозможуваме лимит до 120.000 денари, но странката може да се јави ако има потреба и да добие дополнитени пари. Флексибилноста и брзината ни се клучни за конкурентска предност пред другите картички во земјата. Обврските за враќање се во зависно од кредитниот производ кој ќе се избере, доставуваме амортизациозен план, секој знае колку месечна рата му следува, а роковите се до 60 месеци“, истакна Јошевски.

SN VISA card е идеална за секој кој сака брз кеш. Поврзаноста со лидерот на глобално ниво за дигитални плаќања VISA е гаранција дека ова ќе овозможи побрз пристап до кеш за поединци, бизниси и економии кои сакаат да напредуваат. VISA има издадено повеќе од 3,5 милјарди картици, прифатена е од 70 милони трговци и има моќ да процесира 65,000 трансакции во секунда. Незапирливиот фокус на Финансиското друштво СН Финансии е кон иновации, како основен катализатор за брзиот раст на дигиталната трговија на кој било уред за секого, насекаде.

СН Финансии за мошне кратко време, одлично се позиционира на пазарот, каде што изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето на гаранции, како и факторинг услугите. Компанија која е целосно орентирана кон клиентите и со евидентен стабилен и здрав раст во изминатите 5 години.

СН Финансии со седиште во Битола е една од водечките Финтек комапнии во овој дел од Европа, кои наметнаа дигитална револуција во онлајн кредитирањето. Компанијата е препознатлива и по сите свои проекти кои ѝ го даваат епитетот на општествено-одговорна комапнија која ги поместува границите кога станува збор и за корпоративна култура, која е суштински темел на нејзиниот успех.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7