ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/24/21 9:16 PM

Ние сме полу-раскинати, но се уште се сакаме – Илон Маск потврди дека му пукнала врската со пејачката

Илон Маск (50) и пејачката Грајмс (33) раскинаа по три години врска.

Основачот на Тесла и Спејс Екс потврди дека тој и канадската пејачка се полу-разделени, но дека останале во добри односи и продолжуваат да работат заедно за едногодишниот син со необичното име Икс Еш Еј 12 Маск.

„Ние сме полуразделени, но сепак се сакаме, често се гледаме и сме во добри односи“, рече Елон за PageSix.

– Мојата работа во Тесла или Спејс Екс бара од мене да бидам често во Тексас или да патувам во странство, а нејзината работа најчесто е во Лос Анџелес. Таа моментално е со мене и бебето Икс во соседната соба – рече Маск.

Тие ја започнаа врската во 2018 година, а синот го добија во мај 2020 година.

Последен пат биле видени заедно на настанот Мет Гала, а потоа Грајмс сама прошетала по црвениот тепих додека Илон и се придружил внатре. Потоа беа видени како го напуштаат Њујорк заедно следниот ден.

Сепак, минатиот викенд, Илон беше на забавата на една од сопругите на основачите на Google. Тоа е Никол Шанахан, сопругата на Сергеј Брин, и како што се наведува, Илон во тоа време бил сам.

Извор: Курир.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1