ММС

Објавено на: 09/24/21 2:26 PM

Новавакс поднесе барање до СЗО за одобрување на вакцината против ковид за итна употреба

Компанијата Новавакс и нејзиниот партнер, Институтот за серуми од Индија побараа од Светската здравствена организација одобрување за итна употреба на нивната вакцина против ковид-19, со што потенцијално би им се отворил патот до вакцина за многу сиромашни земји. Новавакс и индискиот Институт за серуми, најголемиот светски производител на вакцини, заедно се обврзаа дека за Ковакс механизмот ќе обезбедат повеќе од 1,1 милијарди дози – известува Ројтерс, пренесува US.News.

Ковакс дистрибуираше помалку од 300 милиони дози вакцини за сиромашните земји, што е само делче од отприлика шесте милијарди дози коишто се потребни, како што оценуваат стручњаците.

САД соопштија дека ќе испорачаат дополнителни 500 милиони дози од вакцината на компанијата Фајзер, со што вкупниот придонес би достигнал повеќе од милијарди вакцини. Компанијата Новавакс претходно соопшти дека во август ќе поднесе барање до СЗО за одобрување на вакцината, наверувајќи дека можномало задоцнување во поднесувањето.

Порастот на производството на вакцината на Новавакс против ковид-19 ја следеше задоцнување и не е јасно колку дози од оваа вакцина ќе бидат достапни за Ковакс механизмот оваа година. Новавакс во август најави дека има за цел да произведе сто милиони дози месечно до крајот на третиот квартал. Вакцината на Новавакс се покажа како ефикасна околу 90 %, вклучувајќи ги и загрижувачките соеви на вирусот.

 

Фото: Илустрација / Pixabay

Извор: rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1