ММС

Објавено на: 09/23/21 9:44 PM

Татко и повторно и се заканува дека ќе и ги одземе децата – Бритни во солзи го повикала адвокатот

Драмата на Бритни Спирс не стивнува ниту по одлуката на нејзиниот татко Џејми да ја ослободи од старателството што го имаше по 13 години, бидејќи таа повторно го обвини.

Таа се јавила кај адвокатот и му рекла дека нејзиниот татко и се заканува, а сето тоа ќе биде прикажано во новиот документарец на Нетфликс за пејачката, „Бритни наспроти Спирс“.

Ова ќе биде првпат аудио деловите да бидат објавени во јавноста, а ќе се зборува и за нови детали за старателството на Џејми на неговата ќерка. Документарниот филм ќе биде прикажан на 28 септември, ден пред закажаното судско рочиште. Контекстот на ова видео докажува дека Бритни очигледно сакала старателството да биде прекинато една година по нејзиниот ментален слом, иако никогаш не сакала да каже ништо за тоа јавно.

Актерката се соочи со јавна криза во ментално здравје пред 13 години, и затоа целиот тој период нејзиниот татко Џејми Спирс имаше старателство над неа и управуваше со нејзиниот живот и имот.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1