ММС

Објавено на: 09/23/21 6:00 PM

Стана дедо, па пак се ожени – Тони Цетински и Дубравка направија свадба

Популарниот пејач, Тони Цетински, откако стана дедо, повторно стапна на „лудиот камен“, а негова избраничка е Дубравка Цетински, со која се венча во Опатија.

На црковната венчавка присуствуваа роднини, пријатели и родителите, заедно со кумовите Ѓорѓија Палиќ и Вјеко Сличко.

Ален Хрчица и Ванеса Миош, на кои во еден момент им се придружи кумата на Дубравка, Ѓорѓија Палиќ, го дополнија овој свечен момент во црковниот амбиент со пеење и играње.

Дубравка блесна во венчаницата и не ја тргна насмевката од лицето, додека Тони избра класично црно одело.

– Конечно го дочекавме! Исклучително ни е мило што дојде и тој ден. Остваривме заедничка желба. Се беше совршено, исто како што јас и Дубравка замислувавме и посакувавме да биде. Исто како „во сон“, од амбиент и атмосфера, во црквата во Опатија, до нашите драги луѓе, кои беа со нас. Повторно благодарност до сите што беа со нас, пред се пријателите и семејството, за нивната несебична поддршка, но и благодарност до сите драги луѓе за добрите желби што следеа. рече Тони.

Извор: Србијаданас.ком

Фото: Хрвоје Баниќ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1