ММС

Објавено на: 09/22/21 9:47 PM

Ангела Меркел каква што ретко ја гледаме – Во слободно време и опуштено издание

Ангела Меркел секој слободен момент во последните 16 години го помина активно со својот сопруг Јоаким Зауер, со кого ретко се појавува во јавноста.

Меркел наскоро ќе ја напушти функцијата германски канцелар по долги 16 години.

Во тој период, таа стана најмоќната политичарка во светот, но успеа да го задржи приватниот живот за себе.

Но, сега се појавија фотографии кои го покажаа нејзиното друго, порелаксирано лице.

Заедно одеа на пливање, скијање, планинарење и пешачење, а во неколку наврати беа фатени од папараци. На фотографиите, кои можете да ги видите, Ангела исто така е облечена многу пообично отколку што сме навикнати да ја гледаме.

Јоаким е вториот сопруг на Меркел, и таа го задржа презимето од првиот. Во 1977 година, таа се омажи за колегата Улрих Меркел, но бракот траеше само пет години. Во брак е со Зауер од 1998 година. Меркел нема деца, додека нејзиниот сопруг има две од претходниот брак.

Извор: Дневник.хр

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1