ММС

Објавено на: 09/22/21 6:13 PM

Починати се 16 лица, регистрирани нови 491 случаи со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19.

Најголем број позитивни случаи регистрирани се во Скопје – 232, во Куманово се регистрирани 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и Кичево – по 7, Гевгелија и Валандово – по 6, Струга и Берово – по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по едно лице, информира Министерството за здравство.

Регистрирани сe 416 оздравени пациенти од: Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево – по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци – по 7, Прилеп и Свети Николе – по 5, Крива Паланка и Богданци – по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран – по едно лице.

Починале 16 лица, од кои осум од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), три лица од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно починато лице од  Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

-Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште шест лица, со датум на смрт во период од 14 до 20 септември 2021 година. Овие починати лица се: по двајца од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои три лица починале во болнички услови, додека три лица се починати во домашни услови, соопшти Министерството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1