ММС

Објавено на: 09/22/21 3:45 PM

Им ветил дека ќе набави работни машини од странство – Охриѓанец измамил двајца сограѓани за 14 илјади евра

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од МВР.

Тој, во периодот март-мај 2021 година, довел во заблуда 48-годишен маж и 37-годижен маж, двајцата од Кичево, и им ветил дека од странство по поволни услови може да им набави работни машини и моторно возило-комби. За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1