ММС

Објавено на: 09/22/21 1:45 PM

(Видео) “Ма нек иде живот“ – Како двајцата асови Дино Раѓа и Владе Дивац уживаа како некогаш во екс Ју

По погребот на Душан Ивковиќ, на кој го носеа ковчегот на легендарниот кошаркарски тренер, прославените асови на „магичната игра под обрачите“, Владе Дивац и Дино Раѓа, поминаа еден ден во Скадарлија, опкружени со музичари.
Поранешни соиграчи во југословенската репрезентација, заедно со пријатели ги запеаја хитовите „Цезарица“, „Миљацка“, „Мои су другови“, „Пукни зоро“ … На крај кога почна песната  „Златне струне“, која ја пее Халид Бешлиќ и двајцата асови ја отпеаја заедно.

И двајцата беа толку расположени што во видеото се слуша како велат „МА, нека иде животот“

Времето ги врати во поранешна Југославија, кога сите беа заедно и не беше важно кој си и што си.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1