ММС

Објавено на: 09/22/21 9:01 AM

„Бизнис трка 2021″ викендов во Скопје

Штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор „Бизнис трка 2021″, ќе се одржи на 25 септември во Скопје.

За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија, информираат од „Прв до врв”.

Трката ќе биде штафета со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2 000 метри.

Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија, а сите заинтересирани може да се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата www.prvdovrv.mk, заклучно со денеска.

Најбрзите три тимови на Business Run 2021 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.

Целта на оваа трка, како што информираат од организаторите, е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.

 

Фото: Facebook / Прв до врв

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1