ММС

Објавено на: 09/22/21 7:42 AM

Почивај во мир тато – Почина другарот на Кери Бредшоу од „Сексот и градот“

Американскиот глумец Вилијам – Вили Гарсон, познат како Стенфорд, во улогите во телевизиските серии „Сексот и градот“ (1998-2004) и „Пријатели“ (1994-2004), почина на 57-годишна возраст. Ова го објави неговиот син Нејтан Гарсон на Инстаграм.

„Почивај во мир, тато. Мило ми е што сподели толку патешествија со мене и успеа да постигнеш толку многу“, напиша тој.

Глумецот боледуваше од рак на панкреасот.

Tој инаку, имаше улоги и во „Класични злосторства“ и „Да се ​​биде Џон Малкович“ и во околу 170 разни други филмски и ТВ-проекти.

МИА

Фото: bbc.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1