ММС

Објавено на: 09/21/21 10:16 PM

Што има толку моќно во тебе – Победникот на Евровизија позираше потполно гол

Згодниот италијански пејач Дамијано Давид, кој ги полуде девојките ширум светот по победата на Евровизија со бендот Манескин, уште еднаш ги фрли обожавателките во транс.

Овој пат, Дамијано ги почасти припадничките на понежниот пол со серија фотографии на кои нема ништо на себе.

Италијанскиот пејач позираше целосно гол, додека во рацете држеше кошаркарска топка, која ја искористи за да ги покрие интимните делови од телото.

– Топката е живот – напиша тој во описот на објавата со која ги фрли обожавателките во транс, па следуваа груби коментари на неговите обожаватели.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

“Одеднаш се заинтересирав за кошарка”, “Што е толку моќно во тебе …”, “Сакам да бидам таа топка”, “Како можеш да бидеш толку провокативен?”, “Те молам фрли ја топката”, “Ти подобро изгледаше без топка“, гласеле дел од коментарите.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1