ММС

Објавено на: 09/21/21 8:40 PM

(Видео) Гори куќа во адвокатската улица во Скопје

Пожар има во моментов во адвокатската улица во Скопје. Според информациите од Пожарна запалена е куќа, која се наога веднаш до ресторанот „Стара куќа“, но засега тој не е зафатен од пожарот.

-Во моментов екипите се на терен го гаснат пожарот. Единствено што знаеме во моментов е дека гори куќа. Дополнителни информации подоцна, кога ќе соопштат колегите кои се на лице место, рекоа за ММС од Пожарна.

Видео од пожарот се најде и на социјалните мрежи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1