ММС

Објавено на: 09/21/21 6:53 PM

Се повеќе млади лица ја губат битката со Ковид-19 – Починати 17 лица и нови 554 случаи

Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се регистрирани нови 554 случаи на Ковид-19, од направени 4.072 тестирања. Оздравени се 891 пациенти, а пријавени се 17 починати лица.

Од новите случаи, во Скопје се 309, Куманово – 44, Прилеп и Велес – по 20, Тетово, Битола и Кавадарци – по 17, Кочани – 16, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија и Ресен – по 6, Струмица и Штип – по 5, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 4, Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 3, Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип – по 2, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 891 оздравени пациенти од: Скопје – 360, Охрид – 132, Струга – 105, Куманово и Струмица – по 42, Тетово – 26, Велес – 20, Гостивар – 19, Прилеп и Штип – по 18, Битола и Кичево – по 16, Кавадарци – 9, Кочани, Радовиш, Дебар и Берово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 6, Свети Николе и Кратово – по 5, Виница и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Валандово и Дојран – по 2, Делчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 17 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), две починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1