ММС

Објавено на: 09/21/21 5:26 PM

Бесими молчи, а од Општина Тетово велат дека за модуларните болници надлежно е Министерството за здравство

Директорот на Клиничката болница Тетово  Флорим Бесими, заедно со одговорно лице во болницата, преставници на Општина Тетово како и комунален инспектор биле одговорни за планот за регуларно одржување на инсталациите во модуларната болница во Тетово, односно за струјата, водата, одводната мрежа, греењето. Сето ова стои во документите насловени како План за Еколошки и социјален менаџмент на модуларните болници објавени во октомври 2020 година, а ги опфаќаат фазите на изградба на болниците, нивното одржување и контрола.

Во документот кој што го објави Дојче Веле на Македонски јазик, Бесими фигурира како изведувач во локалниот надзор, а и во последната оперативна фаза за заштита од пожар и имплементација на заштитни мерки е името на директорот на болницата и одговорното лице во болницата.

Во документот исто се наведува дека во итни  случаи и вонредни околности како пожари, одговорноста е на болницата, болничкиот персонал како и Дирекцијата за заштита и спасување. Како дел од планот за итни случи во документот стои, односно било предложено сите вработени во Ковид центарот да бидат обучени за реакција во итни случаи и за точна процедура во такви ситуации. За контрола на изградбата, фунционалноста, заштитните механизми во објектот, пак,  надлежни се општинските власти во Тетово или изведувачот понудувач Брако, стои во документот.

Било предвидено и присуство на супервизор од Општина Тетово во подготвителната фаза, а во фаза на градба контроли од општински инспектори за градба и животна средина. Средствата за тоа биле обезбедени во буџетот за проектот, или требало да ги сноси изведувачот.

Коментар за објавените документи во кои се наведени повеќе одговорности на директорот на болницата и општинските власти за контролата, квалитетот и функционалноста на модуларната ММС побара од директорот Бесими и од Општина Тетово. Директорот Бесими не одговараше на телефон, а од Општина Тетово првично само кусо ни рекоа дека немаат коментар, но подоцна се предомислија, па испратија соопштение во кое ги цитираат измените од  Законот за градење и наведуваат дека градењето на самата модуларна болница во Тетово, како и на сите други низ државата, се изградени со посебен Закон, каде што сите надлежности се насочени на централно ниво, односно Министерството за здравство кое го издава решението.

-Врз основа на последните измени од Закон за градење ( Службен весник на Република Северна Македонија бр.279 од 24.11.2020 )во член 4 го цитираме членот: во член 74 во ставот (2) по зборовите : “решението го издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот “ се додават зборовите “ барањето за изведување односно постапување на модуларни градби или група од модуларни градби , наменети за вршење на здравствена дејност се поднесува до Министерство за здравство и решението го издава Министерство за здравство”. Во ставот (5) по зборовите ‘органот на државна управа надлежен за вршење на работите на уредување на просторот “ се додаваат зборовите “ заклучокот , односно Решението на Министерство за здравство, го цитираат законот од Општина Тетово.

Освен тоа во одговорот од општината велат дека комуналните инспектори немаат надлежност да вршат контроли врз посебни објекти и градби од прва категорија.

-Системите за безбендост и за гасење на пожар и контролата на нивната функсионалност се исто татка под надлежност на Министерството за здравство, односно и на други институции од централно ниво. Дополнително ве известуваме дека Модуларната болница е градба од прва категорија и за истата инпсекциски надзор врши државен инпсекторат врз основа на Член 128 став (2) од Закон за градење, велат ид општината и додаваат дека инсталациите на водовод и канализација се во надлежност за градење од страна на изведувачот, а општината извршила само приклучок на истите.

Изградбата, но и пуштањето во употреба на модуларната болница во Тетово се оддолжуваше 7 месеци. Првично според најавите на раководството на болницата, таа требаше да биде пуштена во употреба во јануари годинава, но се пушти на само два месеци пред да ја зафати голем пожар.

Според извештаите на неколку институции од земјава, како што во април годинава посочи економскиот директор на болницата Артан Етеми, кој исто така си поднесе оставка, утврдиле технички пропусти на новата модуларна болница во Тетово. Поконкретно тогаш не кажаа за какви пропусти станува збор, но по нивното остранување, процес кој како што истакнаа ќе трае 5 дена најави дека болницата ќе биде пуштена во употреба. Клиничката болница се полнеше со ковид болни, но модуларната уште два месеци беше нефункционална. Се редеа и други проблеми. Се чекаше поставување на струјата, па на доводот на кислород. И оваа постапка се одолговлекуваше речиси два месеци , за во месец јули во модуларната конечно да се прими првиот ковид пациент.

Зоран Димовски

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1