ММС

Објавено на: 09/21/21 12:38 PM

Двајца дипломати не го поминале ветингот, работниот однос ќе им биде прекинат, вели Османи

Министерот за надвоешни работи, Бујар Османи ги соопшти првите резултати од ветингот кои се имплементирани, согласно преземените активности за првичниот ветинг или вонредната анализа на состојбата со безбедносните сертификати во рамки на МНР.

„Констатирано е дека кај едно лице при проверка на неговиот безбедносен статус одбиено му е барањето за добивање на безбедносен сертификат и ова лице. Со што тој не го поминал првиот филтер за ветинг. При проверка за евентуална оправданост за причините за одбивањето не добив конкретно образложение и на ова лице му се ограничува пристапот до податоците на МНР, а почната е и процедура за пркеинување на работниот однос во МНР. Дополнително е утврдено дека друго лице користело несоодветен сертификат, а при негово барање да обезбеди соодветен сертификат исто така бил одбиен. Според ова и овој вработен не го поминува првичниот ветинг и за него почнува процедура за пркеин на работниот однос во МНР“, изјави Османи.

Тој истакна дека во рамките на темелните проверки констатирано е дека дополнително шест лица пропуштиле навремено да побараат обнова на своите безбедносни сертификати и во моментов на тие им се истечени.

„Од денес и на овие пет лица привремено им е ограничен пристапот до информации и податоци во МНР. Овие лица не се одбиени при проверката  и соодетно на укажувањата дека може да се работи за технички превид даден е рок од 7 дена д аја исправат оваа грешка и да побараат соодветна сертификација. Поизминување на рокот поединечно ќе се разгледува статусот на првичниот ветинг за секој од нив и соодветно наодите ќе се одлучува укинување на ограничувањето и нивно целосно враќање на работните обврски  или започнување на процес за прекинување на работниот однос во зависност од тоа како тоа ќе се одвива“, рече Османи.

Од аспект на поширокиот пристап до безбедносни сертификати за вработени, на околу 500 вработени во постапка им е сертификација и има вкупно 116 вработени кои што навремено поднеле барање за обновување на безбедносните сертификати. Инаку правило е шест месеци пред истекување на сертификатот да се аплицира со цел да нема простор за тоа дали има вработениот безбедносен сертификат.

„Овие 116 апликанти за безбедносни сертификати сеуште чекаат одговор од надлежните институции. Со оглед на доцнењето на одговорот помеѓу овие 116 се ноѓаат 61 чии безбедносни сертификати се истечени, а додека на останатите 55 вработени наскоро им истекува. Со оглед на фактот што овие вработени навремено ги имаат поднесено барањата за продолжување на важноста на продолжување на безбедносниот сертификат и во меѓувреме не се одбиени од страна на безбедносните служби тие претставуваат безбедносно сигурни врбаотени и слободно може да ги извршуваат своите обврски во рамки на МНР“, изјави Османи кој апелираше до безбедносните служби да ја засилат ова активност со цел да се зголеми довербата во безбедносниот систем, но и во дипломатијата.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1