ММС

Објавено на: 09/21/21 9:59 AM

Ќе штити од сите мутации, можеби ќе биде доволна и една доза: Српски научник развива „ракетна вакцина“ против корона

Српскиот научник, Владимир Цмилјановиќ кој со години живее и работи во Швајцарија, е на чело на тим кој ја произведува втората генерација вакцина наречена „ракетна вакцина“.

Таканаречената „ракетна вакцина“ се разликува од останатите бидејќи ќе „гради“ различни видови протеини кои, како што ќе мутира вирусот, ќе го напаѓаат од сите страни и ќе го спречуваат неговото ширење.

„Ракетната вакцина се вика така бидејќи целта на тој проект е човекот да добие една или максимум две дози со кои ќе биде заштитен неколку години од сите варијанти, па дури и подолго. Особено ризични се мутациите коишта допрва ќе се случуваат“, објаснил научникот за ТВ Прва.

Цмилјановиќ смета дека оваа вакцина би требало да биде готова за 12 до 15 месеци, а се работи за вакцина која има повеќе вирусни протеини од коронавирусот.

„Сите актуелни вакцини штитат против Вухан варијантата, потоа добивме многу други варијанти, вирусот веќе почна системски да се менува, токму во делот на спајк протеинот“, додал научникот истакнувајќи дека вакцините кои сега се достапни не спречуваат повторна зараза, но секако се добри, бидејќи спречуваат да дојде до смртен исход.  Сепак, смета дека е важно да се работи на развој на вакцина.

„Ракетната вакцина стана швајцарска национална вакцина, ние тука создавале широк спектар антитела кои го напаѓаат вирусот од сите страни“, објаснил Цмилјановиќ.

Тој нагласил дека вакцината и понатаму е во развој, па веќе се прават подготовки за да почнат клиничките студии. Истакнува дека во развојот на вакцините се вложени пола милион швајцарски франци, па тимот се надева дека со крајот на следната година ќе ја заврши вакцината.

 

Извор: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1