ММС

Објавено на: 09/20/21 3:17 PM

Обвинителството ги испрашува семејства на пациентите од модуларната во Тетово

Обвинителството започна со испрашување на семејствата на пациентите од модуларната болница во Тетово која целосно изгоре. Се очекуваат круцијалните докази односно вештачењето. Досега се земени докази за повеќе вештачења. Германските експерти , ОКТИС при МВР, градежен институт, но и други институции кои се вклучени во процесот на вештањата треба да помогнат. Сите извештаи да ни ги пратат и да започнеме со сеопфатна истрага. Се надеваме дека вештачењето од германските експерти ќе пристигне наскоро, велат од Јавното Обвинителство Тетово.

Местото околу модуларната болница се уште е обележано со полициски ленти, но и обезбедено од екипи на СВР Тетово, во случај да се побара дополнителни вештачења. Секојдневно се преземаат дејствија. Се е насочено на истрагата за катастрафолниот пожар, голем дел од другите предмети се во мирување, велат од тетовското јавно обвинителство.

Во меѓувреме преживеаните од модуларната болница закрепнуваат. Девет се на домашно лекување, а тројца се уште се хоспиталзирани.

А и состојбата со вирусот во тетовско се смирува.  Во ковид центарот и инфективното при Клиничката болница во Тетово  има хоспитализирано 26 пациенти. Во изминативе 24 часа има само еден примен пациент, починати од КОВИД 19 нема евидентирано.

 

Зоран Димоски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1