ММС

Објавено на: 09/20/21 3:20 PM

„Сега сме позаштитени“: Куба почна да ги вакцинира децата над две години со сопствена вакцина против корона

Куба е единствената држава во светот која почна со масовна вакцинација на децата постари од две години со вакцина против коронавирусот. Иако вакцинацијата не е задолжителна, родителите и децата од септември ги полнат клиниките, болниците и училишните пунктови за да ги вакцинираат своите деца.

„Сега ми е полесно, се’ уште многу луѓе се разболуваат од ковид-19. Сега сме подобро заштитени“, изјавила Лаура Тијерас само неколку минути откако нејзината четиригодишна ќерка Анисол ја примила првата доза од вакцината Соберана, произведена на Куба.

Во една прилика на поликлиниката во Хавана пак, каде што биле повикани Си-Ен-Ен и други медиумски куќи, првата доза ја примиле 230 деца на возраст меѓу 3 и 5 години. Со желба децата да се чувствуваат што поудобно, сестрите довеле кловн кој извел перформанс. Баш како и возрасните, и децата ќе мора да примаат три дози Соберана и дури тогаш ќе се смета дека се целосно вакцинирани. Со доаѓањето на делта сојот на Куба, бројот на случаи на зараза меѓу децата „експлодираше“.

„На Куба во последните неколку месеци бележиме алармантна бројка на новозаразени во детската популација“, објави кубанскиот министер за здравство, Хосе Портал Миранда.

„Многу деца кои се во сериозна или критична состојба се новороденчиња“, објасни тој.

Од почетокот на пандемијата па досега, во Куба над 117 илјади малолетници биле позитивни на ковид-19, но владата не објавуваше податоци за починатите од корона. Министерството за здравство неодамна соопшти податоци за десетина деца кои починале од почетокот на август. Вртоглвиот раст на заразени го одложи и отворањето на училиштата на почетокот на септември, наставата се одвива по пат на телевизиска програма, со оглед на тоа дека повеќето кубански домаќинства немаат пристап до интернет.

Многу родители се пожалија дека децата поради таквиот начин на следење на наставата почнале да заостануваат, па немаат каде да ги однесат со оглед на тоа дека се затворени и детските игралишта, како и кино салите.

На почетокот на месецов беше најавено дека децата ќе се вакцинираат во рамките на планот според кој 90% од жителите на Куба битребало да се вакцинираат до средината на ноември за да се отворат меѓународните граници. Според власта, училиштата нема да се отворат пред ноември.

Кубанската Агенција за лекови досега издаде одобрение за употреба на три вакцини развиени од страна на кубанските научници. Тие за развој на вакцините ја користеа истата технологија која беше искористена за производство на американската вакцина Новавакс и француската Санофи.

Трите кубански вакцини меѓу другото, се уште не се одобрени од СЗО.

Кубанските лекари го пренасочија приоритетот за вкцинација кон најмладите, иако многумина зборуваа дека вакцините би требало да бидат што подостапни за најстарата популација и ризичните групи граѓани.

 

Извор:  blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1