ММС

Објавено на: 09/20/21 1:57 PM

Маж од Врапчиште крадел пари од „Св. Петар“, црква во Долна Бањица, гостиварско

МВР информираше дека е приведен Н.А. (42) жител на селото Врапчиште, бидејќи крадел пари од црква.

-На 19.09.2021 околу 11.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, информираат СВР Гостивар. .

Фото: mk.wikipedia.org


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1