ММС

Објавено на: 09/20/21 10:35 AM

(Видео) И’ рекле никогаш да не се враќа, ја нарекле и животно: Мајка тврди дека ја исфрлиле од ресторан, оти го доела своето бебе

Руби Меден е мајка на новородено бебе, а тврди дека ја исфрлиле од ресторан во Вашингтон откако почнала да го дои своето бебе и и’ реколе „никогаш да не се враќа“.

Таа и нејзиниот сопруг планирале да отидам на вечера во ресторан, но бебето било гладна, па таа почнала да го дои во моментот кога се подготвувале да влезат во ресторанот – раскажала таа за KOMO News.

„Се покрив себеси, ги покрив градите, седнав и се свртев кон ѕидот“, објаснила таа.

Руби и нејзиниот сопруг чекале околу половина час за да дојде келнер на нивната маса, а кога конечно им пришол човек, тој ги замолил да си одат.

„Тој беше сопственик на ресторанот. Го прашавме зошто и што не е во ред, а неговиот одговор беше никогаш да не се враќаме“, додал сопругот за медиумите.

Доењето на јавни места, вклучувајќи ги и рестораните, е легално во САД. Исто така, Вашингтонската коалиција за доење наведува дека е незаконски некој да бара да престанете да доите.

Сопругот на Руби, Арон вели дека оставиле лоша рецензија за ресторанот, а потоа сопственикот им одговорил.

„Ја нарече мојата сопруга животно. Уште еднаш напомена никогаш да не се враќаме“, истакнал Арон.

 

„Мојот избор да го дојам бебето во тој ресторан е причината поради која целото семејство бевме исфрлени“, тврди Руби.

Откако Арон го споделил нивното искуство во една локална група на Фејсбук, неколку мајки организирале собир пред ресторанот и протестирале. Тие сакале да се соочат со сопственикот, но тој во текот на денот нудел исклучиво нарачки за носење, а потоа и го затворил ресторанот, по што ги избришал страниците на ресторанот на Фејсбук и Инстаграм.

„На еден или друг начин тој ќе мора да одговара бидејќи незаконски исфрлил жена поради доење“, изјавила една од жените на протестот.

 

Извор: index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1