ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/19/21 7:52 PM

Во Германија, сопствениците на кучиња плаќаат од 5 до 200 евра годишно данок-минатата година државата инкасирала 380 милиони евра

Во кризата со корона, многу Германци ја претворија желбата да имаат пријател на четири нозе во реалност. Причината е што епидемиолошките мерки на затворање ги врзуваа за нивната куќа, а забраните за летови ги спречуваа да патуваат, пишува Индекс.

Според Федералното биро за статистика, рекордните приходи се собрани од сопствениците на кучиња во првата  година од пандемијата.

Данокот е од 5 до 200 евра

Речиси насекаде во Германија, сопствениците на кучиња треба да плаќаат годишен данок, кој може да се движи од пет евра до речиси 200 евра, во зависност од тоа каде живеат, пишува Индекс. Во Берлин, на пример, тоа е 120 евра за едно куче годишно, и 180 за секое ново куче.

Според неодамна објавените податоци националната каса е побогата за околу 380 милиони евра од данокот за кучиња во 2020 година . За градовите и општините, тоа значеше зголемување за 2,7 проценти во споредба со претходната година.

blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1