ММС

Објавено на: 09/19/21 7:26 PM

Повеќе лица нападнале и силувале малолетничка во Велес

Малолетничка била нападната и силувана од неколку лица во Велес. Две лица веќе се повикани на службен разговор во Велешката полиција.

„Денеска (19.03.2021) околу 09.00 часот во полициска станица при СВР Велес е извршен службен разговор со две лица од Велес, во врска со пријава според која на 18.09.2021 во периодот од 22.30 до 23.30 часот на место викано „Дворови“ неколу лица физички нападнале и извршиле обљуба врз малолетничка, за која во 18.10 часот од ЈУМЦСР-Град Скопје во Полициската станица Центар било пријавено дека се оддалечила од установата,“ информираат од МВР

За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1