ММС

Објавено на: 09/19/21 6:41 PM

МЗ со појаснување: Во бројот од вчера пријавените 41 починато лице, 17 се од последните недели пријавувани преку матичен лекар

Вчера ИЈЗ во дневната статистика објави 41 починато лице, од кои само 24 пациенти починале во изминатото деноноќие. Останатите 17 пациенти починале во изминатите неколку недели во приватни болници или во домашни услови, но за нив пријавувањето може да е со задоцнување бидејќи е прeку матични лекари.

Од вкупно 41 починати пациенти, само 11 биле без хронични заболувања, 29 од нив се со повеќе од две хронични заболувања, а сите имале кардиолошки болести. Од вчера пријавените за починати 41 пациент, 2 биле вакцинирани и овие пациенти имале болести на срцето и дијабет. Уште еден пациент кој починал во приватна болница бил вакциниран и имал кардиолошко хронично заболување.

Ова е уште еден показател дека вакцините се клучни за заштита од Ковид 19, односно единствен начин да не се развие тешка клиничка слика или боледувањето да заврши со смртен исход. Не станува збор за грешка при лекување на пациенти со ковид, на дневно ниво се разговара за состојбата на пациентите во болница како и за починатите,во каква состојба се хоспитализирани, како напредувала формата на болеста, каква терапија им се давала, со какви хоринични заболувања биле.

КИБФС веќе прави опсежна анализа, и податоци од истата ќе бидат објавени, кога ќе се заврши.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1